Папата Фрањо им дозволи на католичките свештеници да благословуваат истополови бракови, но во одредени околности. Сепак, тој појасни дека благословувањето не би требало да биде дел од редовните католички ритуали или поврзано со граѓански бракови и венчавки.
„Црквата продолжува да го гледа бракот како заедница на маж и жена“, кажа папата.
Одобрувајќи ја промената преку документ издаден од Ватикан, папата кажа дека ова би можело да биде знак дека Бог ги прифаќа сите. Сепак, во документот се вели дека самите свештеници би требало да одлучуваат за секој случај одделно.
„Новата декларација останува цврста на традиционалната доктрина на црквата за бракот. Но, во согласност со пасторалната визија на папата за проширување на привлечноста на Католичката црква, новите упатства ќе им овозможат на свештениците да ги благословуваат односите кои сѐ уште се сметаат за грешни“, изјави префектот на црквата, кардиналот Виктор Мануел Фернандес.
Тој нагласи дека новиот став не го озаконува статусот на истополовите парови во очите на Католичката црква.