ВО ПРИЛЕПСКО СПАСЕН ЧОВЕК ПАДНАТ ВО БУНАР

    ВО ПРИЛЕПСКО СПАСЕН ЧОВЕК ПАДНАТ ВО БУНАРПожарникари ноќеска три часа го извлекувале лицето паднато во бунар. (архивска фотографија)

    Од Регионалниот Центар за управување со кризи од Битола соопштија дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени.

    „Лицето било живо, но повредено, и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. Поради студеното време и намалувањето на температурата ноќе, иако бил на заветрина во јамата, опасно било да се биде неподвижен надвор на такви услови преку зима”, соопштија од ЦУК.

    На лицето му е укажана потребната лекарска помош во Прилепската болница.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира