Хутските сили одново гаѓаа американски брод откако Џо Бајден призна дека американските воздушни напади не ги спречија нападите на хутските бунтовници во Црвеното Море. Пентагон соопшти дека немало жртви и штети откако хутите испукале два проектила кон бродот „Кем ренџер“.
Ова уследи по петтата серија американски воздушни удари врз цели поврзани со хутите во Јемен.
Запрашан дали американските воздушни напади имаат ефект, Бајден одговори:
„Не ги запревме и мислам дека нивните напади ќе продолжат“.
Заменичката на портпаролот на Белата куќа, Сабрина Синг, изјави дека САД не сакаат војна со хутите.
„Ние не сме во војна со хутите. Акциите што ги преземаме се од дефанзивна природа“, рече таа.
Откако почна војната во Газа, хутите напаѓаат бродови за кои велат дека се поврзани со Израел или пловат кон израелски пристаништа, но неодамна кажаа дека ги прошируваат своите напади и на американските пловила. Денеска објавија дека им ветуваат безбеден премин на кинеските и руските бродови низ Црвеното Море.