ВО АМЕРИКАНСКИ НАПАД СО ДРОН ВО БАГДАД УБИЕН ЛИДЕРОТ НА ПРОИРАНСКА МИЛИЦИЈА

    ВО АМЕРИКАНСКИ НАПАД СО ДРОН ВО БАГДАД УБИЕН ЛИДЕРОТ НА ПРОИРАНСКА МИЛИЦИЈААбу Бакир ал-Сади е убиен заедно со двајца негови чувари (Фото: Гети)

    Еден од лидерите на проиранската милитантна група Катаиб Хезболах е убиен во американски напад со дрон во Багдад. Абу Бакир ал-Сади е убиен заедно со двајца негови чувари во возило кое било погодено во источниот дел на градот.

    Пентагон кажа дека Ал-Сади бил одговорен за директно планирање и учество во напади врз американските сили во регионот.

    Тоа беше прецизен напад врз возило во движење во прометна улица, при што нема назнаки дека има колатерална штета или цивилни жртви“, објави Централната команда на американската војска.

    САД ја поврзаа оваа милиција со нападот со дрон врз воена база во Јордан, кога загинаа тројца американски војници. По овој напад, Катаиб Хезболах објави дека ги суспендира нападите врз американските трупи за да ја поштеди од срам ирачката влада.

    Нападот во Багдад уследи неколку дена откако САД лансираа 85 напади во областа на ирачко-сириската граница како одмазда за смртта на тројца американски војници во Јордан. Џо Бајден кажа дека тие напади се само почеток.

    Набргу по нападот во Багдад, проирански милиции во Ирак повикаа на одмазда против САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира