НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА МРТВИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД НА БЕЛГОРОД, ВЕЛАТ РУСКИТЕ ВЛАСТИ

    НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА МРТВИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД НА БЕЛГОРОД, ВЕЛАТ РУСКИТЕ ВЛАСТИСпоред локалните власти, во нападот бил погоден и трговски центар (Фото: Астрапрес)

    Најмалку шест луѓе загинаа во украински воздушен напад врз рускиот град Белгород, објави руското министерство за здравство. Меѓу загинатите е и едно дете, а 17 луѓе се повредени.

    Руското министерство за одбрана кажа дека биле пресретнати 14 украински проектили над регионот Белгород, без да коментира за жртвите.

    Непотврдени извештаи на Телеграм кажуваат за поголема број мртви, меѓу осум и 12. Според локалните власти, во нападот биле погодени трговски центар и школски стадион.

    Неколку часа порано, Русија ја ракетираше Украина, при што цел биле и Киев, Лвов, Запорожје и Днепар. Украинската војска кажа дека соборила 13 од испуканите 26 руски проектили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира