РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА ЦЕЛОСНО ЈА КОНТРОЛИРА И КОКСАРНИЦАТА ВО АВДИИВКА И ДЕКА НАПРЕДУВАЛА ДЕВЕТ КИЛОМЕТРИ НА ФРОНТОТ

    РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА ЦЕЛОСНО ЈА КОНТРОЛИРА И КОКСАРНИЦАТА ВО АВДИИВКА И ДЕКА НАПРЕДУВАЛА ДЕВЕТ КИЛОМЕТРИ НА ФРОНТОТКоксарницата во Авдиивка беше една од најголемите во Европа пред војната (Фото: Гети)

    Руските сили објавија дека целосно ја контролираат огромната коксарница од советско време во уништениот украински град Авдиивка, заокружувајќи ја најголемата победа на бојното поле во последните девет месеци. Со цел да избегне целосно окружување, украинската војска во саботата наутро го потврди своето повлекување од Авдивка, град во регионот Доњецк кој се наоѓаше на првата линија на фронтот уште од 2014 и кој сега е целосно уништен како резултат на тешките борби во изминатите месеци.

    Освојувањето на Авдивка е најголемиот успех на руската војска од заземањето на Бахмут во мај.

    Руското министерство за одбрана соопшти дека руските сили напредувале околу девет километри во регионот на Авдиивка и дека притискаат понатаму.

    Руската војска ја презеде контролата врз коксарницата во Авдиивка и руското знаме се вее на административната зграда на фабриката“, објави министерството.

    Русија го опиша украинското повлекување како избрзано и хаотично. Украинската војска потврди дека имало жртви, но додаде дека ситуацијата сега е стабилизирана.

    Авдиивка, која Русија ја вика Авдејевка, беше привремено заземена од проруските сепаратисти во 2014, но потоа украинските сили ја ослободија и изградија силни утврди околу градот. Таа се наоѓа само 15 километри од градот Доњецк, а тамошната коксарница беше една од најголемите во Европа пред војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира