На 69 години, денеска во Белград почина српската авангардна уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ, потврди за агенцијата ФоНет нејзината пријателка Билјана Петровиќ.
Милошевиќ почина во Болницата во Земун по кусо боледување.
Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 и важеше за икона на новиот бран од 1980-тите во Југославија.
Милошевиќ дебитирала на музичката сцена во 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имала првиот голем настап на концертот кај Хајдучка Чешма во Белград, каде што пеела пред „Бијело дугме“. Еден од нејзините најголеми хитови е дуетот со Дадо Топиќ, „Принцеза“.