УКРАИНА НАПАДНА РУСКА ВОЗДУШНА БАЗА ВО РОСТОВ И ТВРДИ ДЕКА УНИШТИЛА ШЕСТ БОРБЕНИ АВИОНИ

    УКРАИНА НАПАДНА РУСКА ВОЗДУШНА БАЗА ВО РОСТОВ И ТВРДИ ДЕКА УНИШТИЛА ШЕСТ БОРБЕНИ АВИОНИСателитска снимка од базата „Морозовск“, која е дом на авиони „су-27“ и „су-34“ (Фото: Максар)

    Украина изведе напад со дронови врз цели во јужна Русија, при што тврди дека уништила шест авиони во воздушна база во регионот Ростов. Украински безбедносни извори кажаа дека притоа биле оштетени уште осум авиони, а 20 луѓе се убиени или повредени.

    Базата „Морозовск“ е дом на авиони „су-27“ и „су-34“, што Русија ги користи за напади во Украина. Русија засега не ги коментираше тврдењата на Киев, но руски функционери кажаа дека Украина лансирала повеќе од 40 дронови кон овој пограничен регион.

    Гувернерот на Ростов, Васили Голубев, изјави дека 600 домови останале без струја на неколку часа откако била погодена електрична станица и дека осуммина луѓе биле повредени од детонација на експлозивот што бил прикачен на еден паднат дрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира