Денеска во Собранието беа доделени државните награди „Гоце Делчев“ за особено значајни достигнувања во областа на науката.
Професорите Роберт Хадсон и Иван Додевски ја примија наградата за нивното дело „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“.
Ана Мартиноска и Жарко Иванов се наградени за монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“. Во неа се собрани песните што етномузиколог и фолклорист Васил Хаџиманов ги снимал со касетофон на погребите на загинатите во земјотресот, а потоа нотно и текстуално ги запишувал. Овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
Наградата „Гоце Делчев“ се доделува од 1949 година.