НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСКИОТ РЕГИОН БЕЛГОРОД

    НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСКИОТ РЕГИОН БЕЛГОРОДГувернерот Гладков изјави дека неколку дрона погодиле автомобил и две комбиња кои превезувале работници (Фото: Телеграм)

    Најмалку шест луѓе загинаа, а 35 се повредени во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород, кажаа локалните власти, што е еден од најсмртоносните напади на руската територија од почетокот на војната.

    Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека неколку дрона погодиле автомобил и две комбиња кои превезувале работници близу селото Березовка, околу пет километри северно од украинскиот регион Харкив.

    За жал, како резултат на експлозија, шестмина луѓе загинаа на самото место, Уште 35 луѓе се ранети, од кои еден маж е во сериозна состојба“, рече Гладков.

    Пограничниот регион Белгород често е мета на украински воздушни напади. Во јануари, во еден таков напад загинаа 21 лице, а 110 беа ранети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира