ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЗДРУЖУВААТ ПРОТИВ ЕКСТРЕМИЗМОТ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИ

    ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЗДРУЖУВААТ ПРОТИВ ЕКСТРЕМИЗМОТ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИКрајнодесничарската Алтернатива за Германија котира високо пред изборите од 6 до 9 јуни (Фото: АФП)

    Алијанса на повеќе од 30 големи германски компании, меѓу кои и „Сименс и Фолксваген, му се спротивставуваат на екстремизмот во пресрет на европските избори. Иницијативата „Се залагаме за вредности“ ги повикува нивните околу 1,7 милиони вработени да гласаат на европските парламентарни избори.

    Убедени сме дека ексклузијата, омразата и изолацијата не се компатибилни со нашите вредности и ги загрозуваат претприемничката слобода и просперитетот на секој поединец. Му се спротивставуваме на ова со општество без омраза, поделби, маргинализација и расизам“, велат од алијансата.

    Дел од неа се и „Бош“, „Мерцедес“, „Бајер“, „Дојче бан“ и Германската конфедерација на трговски синдикати.

    Нашиот сојуз се залага за почит, толеранција, отвореност и различност. Екстремистите и расистите ги доведуваат во прашање овие вредности и во исто време нудат навидум едноставни решенија за сложените проблеми на нашето време“, изјави извршниот директор на „Сименс“, Роланд Буш.

    Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат во 27-те земји-членки на ЕУ од 6 до 9 јуни

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира