СОСТОЈБАТА НА ЗАБИТЕ НА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА Е ЛОША ПОРАДИ ЈАДЕЊЕ ШЕЌЕРИ, ВЕЛАТ ВЕЛЕШКИТЕ СТОМАТОЛОЗИ

    СОСТОЈБАТА НА ЗАБИТЕ НА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА Е ЛОША ПОРАДИ ЈАДЕЊЕ ШЕЌЕРИ, ВЕЛАТ ВЕЛЕШКИТЕ СТОМАТОЛОЗИСтоматолог д-р Солева вели декa децата немаат страв, не се плашат од стоматолог, иако повеќето доаѓаат првпат. (Фото: СДК.МК)

    Состојбата на забите од децата од претшколска возраст е лоша, а евидентно е дека децата сакаат да јадат чоколадо. Ова го вели д-р Анита Солева, стоматолог од Детска стоматолошка превентива, каде децата идни првачиња деновиве доаѓаат за да се извршат потребните прегледи и да добијат документ за запишување во прво одделение.

    „Потребно е да се променат лошите навики кај децата, да се намали јадењето чоколада, но да не бидат нагли промени. На децата кои доаѓаат им вршиме едукација за правилно одржување на дентална хигиена, правилно четкање на забите наутро и навечер, практикување здрав начин на исхрана – овошје, зеленчук, да се избегнува земање храна која содржи големо количество шеќери, како и редовна посета на стоматолог“, вели д-р Солева.

    Од средината на мај, започнаа систематските прегледи во Детска стоматолошка превентива. Тие се во рамките на задолжителните систематски стоматолошки прегледи за идните првоодделенци. Се врши преглед на забите на децата и залевање на првите трајни катници ако се целосно изникнати.

    Досега се пријавиле за преглед родители на околу 400 деца, но тоа не е конечна бројка, оти се очeкуваат и други. Д-р Солева вели  декa децата немаат страв, не се плашат од стоматолог, иако повеќето доаѓаат првпат.

    Истовремено, во училишна превентива започнаа систематските прегледи за децата родени 2018, кои од есен се првачиња. Досега се прегледани стотина деца, а се очекува вкупниот број да биде 700 и тие да бидат прегледани до крајот на јуни. Со систематскиот преглед секое дете се ревакцинира со МРП, против ситна сипаница, заушки и рубеола. Неа децата ја имаат добиено на 12-месечна возраст, сега и втората доза, што е услов за упис во прво одделение, за што добиваат писмена потврда.

    Децата родени 2018 година кои од есен ќе започнат да одат на училиште ќе треба да бидат прегледани и од очен лекар. Потребно е родителите да закажат преглед за детето преку матичен доктор во Мој термин. Прегледите се извршуваат во просторијата наменета за очен преглед на првачиња во Општтаа Болница Велес и веќе се во тек.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира