ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ГАШИ Е ОБИД ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА И ДИРЕКТЕН НАПАД ВРЗ ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ, ВЕЛАТ ОД КОАЛИЦИЈАТА ВРЕДИ

    ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ГАШИ Е ОБИД ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА И ДИРЕКТЕН НАПАД ВРЗ ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ, ВЕЛАТ ОД КОАЛИЦИЈАТА ВРЕДИИнтерпелацијата е прва точка на дневниот ред на утрешната седница на Собранието. - Состанок на координативното политичко тело на коалицијата Вреди (Фото: Коалиција Вреди)

    Коалицијата Вреди вели дека интерпелацијата против претседателот на Собранието Африм Гаши е директен напад врз државните институции и евроатлантската интеграција на земјата. Како што соопштија оттаму, по работниот состанок на координативното политичко тело на коалицијата, предлогот за разрешување на собранискиот спикер е бесмислен политички експеримент и обид за дестабилизација.

    „Координативното тело на ВЛЕН ја оценува интерпелацијата против претседателот на Собранието како бесмислен политички експеримент и обид за дестабилизација. Изразуваме безрезервна и едногласна поддршка за претседателот Африм Гаши, нагласувајќи дека оваа интерпелација е директен напад врз државните институции и евроатлантската интеграција на земјата. Ова е иницијатива поднесена од анти-НАТО партијата Левица, со отворена поддршка од СДСМ и скриена од ДУИ, кои всушност со ова тестираат проширена опозициска коалиција на штета на стратешките интереси“, велат од коалицијата Вреди.

    Интерпелацијата против Гаши е поднесена од Левица и, како што велат оттаму, е заснована на седум точки: повреда на секуларноста на државата, скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје, повреда на употребата на македонскиот јазик, повреда на правилата за употреба на државните инсигнии, неконстатирање на престанок на мандатот на Талат Џафери, патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

    Интерпелацијата е прва точка на дневниот ред на утрешната седница на Собранието.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веќе кажа дека тие нема да гласаат за разрешување на коалициониот партнер Гаши, бидејќи, како што кажа премиерот, Гаши бил подобар од неговиот претходник Талат Џафери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира