Внуката на некогашниот италијански фашистички диктатор Бенито Мусолини, Ракеле Мусолини, ја напушти партијата Браќа на Италија на премиерката Џорџа Мелони зашто била премногу десничарска. Таа неодамна се побуни за нејзиниот став за правата на малцинствата. Ракеле Мусолини, која освои најмногу гласови од сите градски советници во Рим на изборите во 2021, кажа дека ќе се префрли во советничката група на партијата Напред Италија, која е поблиску до центарот.
„Време е да се сврти страница и да ѝ се придружам на партијата која е поблиску до моите умерени и центристички сфаќања“, изјави 50-годишната Мусолини.
Браќа на Италија влече корени од Италијанското социјално движење, кое пак ги наследи фашистите на Бенито Мусолини по Втората светска војна. Откако стана премиерка во 2022, Мелони се обидува да ја претстави партијата како модерна конзервативна група. Сепак, партијата продолжи да има цврсти ставови за имиграцијата и абортусот и ги заостри казните за сурогат мајчинство.