АНИМИРАНИОТ „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ОД 1 НОЕМВРИ ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС И КИНОВЕРЗУМ ВО СКОПЈЕ

    АНИМИРАНИОТ „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ОД 1 НОЕМВРИ ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС И КИНОВЕРЗУМ ВО СКОПЈЕПриказната следи еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се во мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси. (Фото: „Линкс студио“)

    Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, од 1 ноември ќе почне да игра во скопските кина Синеплекс и Киноверзум (во Кисела Вода), а потоа и низ Македонија. Од продукцијата велат дека „’Јон Вардар против галаксијата’ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси“.

    Гласовите на главните ликови ги позајмуваат Жарко Димоски (Јон Вардар), Дамјан Цветановски (Зарк) и Емилија Мицевска (Лили), а во споредни улоги  се Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

    Арт директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин.

    Филмот е изработен со пари од Агенцијата за филм на Македонија, во копродукција со Унгарија, Бугарија и Хрватска.

    „Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на фестивалите Ситџес во Шпанија, Киненова во Македонија и Мостра Сао Пауло во Бразил.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира