ЗАГИНАТИОТ МАКЕДОНЕЦ ВО НОВИ САД Е НАУЧНИК ВО ИНСТИТУТОТ „БИОСЕНС“, РАБОТЕЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СЕНЗОРСКИ ТЕХНОЛОГИИ

    ЗАГИНАТИОТ МАКЕДОНЕЦ ВО НОВИ САД Е НАУЧНИК ВО ИНСТИТУТОТ „БИОСЕНС“, РАБОТЕЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СЕНЗОРСКИ ТЕХНОЛОГИИВо Нови Сад од 2 ноември е тридневна жалост поради смртта на 14 лица, врз кои вчера падна настрешницата на Железничката станица. (Фото: ТАНЈУГ)

    Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад е и Македонецот Васко Саздовски, научник во локалниот Институт „Биосенс“, објави „Политика“.

    Директорот на „Биосенс“ Владимир Црнојевиќ ја потврдил веста за српскиот весник.

    „Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечката европска институција како искусен научник. Имаше претходна научна кариера“, изјавил Црнојевиќ.

    Колегите на 45-годишниот Саздовски утринава се собрале во институтот. Според нив, тој работел таму нешто повеќе од година дена, а речиси секој викенд се враќал во Македонија, каде што живее неговото семејство. На пат за Македонија тргнал и вчера, кога се случи трагедијата.

    „Биосенс“ е истражувачко-развоен институт за информатички технологии на биосистемот. Основан во 2015 година, истражува иновативна примена на ИТ во земјоделството.

    Во Нови Сад од 2 ноември е тридневна жалост поради смртта на 14 лица, врз кои вчера падна настрешницата на Железничката станица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира