МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБА СО ИКОНИ И ФРЕСКИ СО БОГОРОДИЦА ОД РЕТКИТЕ КОЛЕКЦИИ

    МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБА СО ИКОНИ И ФРЕСКИ СО БОГОРОДИЦА ОД РЕТКИТЕ КОЛЕКЦИИВо дел од збирките на Музејот се наоѓаат икони и фрескокопии од целата територија на Македонија, коишто претставуваат важен дел од уметничкото богатство. (Фото: Музеј на Македонија)

    „Богородица мост помеѓу небото и земјата“ е насловена изложбата која ќе се отвори вечерва во 18:30 часот во Музејот на Македонија. Автори на концепцијата за изложбата се кустосите Марија Петковска и Татјана Трајковиќ, кои велат дека иконите и фреските што се претставени на изложбата се само мал дел од многуте предмети од богатите колекции на Музејот.

    Во дел од збирките на Музејот се наоѓаат икони и фрескокопии од целата територија на Македонија, коишто претставуваат важен дел од уметничкото богатство.

    „Тие не се само уметнички дела, туку и духовни симболи коишто верниците ги користат за да се поврзат со божественото. Ликот на Богородица, како заштитничка и мајка, нуди утеха и надеж, а тоа ја прави една од најчестите фигури во христијанската уметност, бидејќи нејзиниот живот на земјата бил исполнет со морална чистота, светост и со добри дела. Преку нејзиното девствено зачнување на Спасителот, таа е мостот помеѓу небото и земјата. Низ вековите се развиле мноубројни теми и циклуси поврзани за нејзниот лик и дело, произлезени од старозаветните книги“, велат кустосите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира