МИЦКОСКИ ПРОМОВИРАШЕ „НОВОГОДИШНА КОШНИЦА“ СО НАД 600 ПРОИЗВОДИ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ ОД 15 ДЕКЕМВРИ ДО 15 ЈАНУАРИ

    МИЦКОСКИ ПРОМОВИРАШЕ „НОВОГОДИШНА КОШНИЦА“ СО НАД 600 ПРОИЗВОДИ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ ОД 15 ДЕКЕМВРИ ДО 15 ЈАНУАРИПремиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија Бесар Дурмиши денеска во Владата промовираа „Новогодишна кошница“ со над 600 производи со намалени цени. Од Министерството за економија велат дека станува збор за иницијатива покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи. Како што кажа министерот Дурмиши, 675 производи ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и повеќе за новогодишните празници.

    „Оваа иницијатива за ‘Новогодишната кошница% беше покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи кои се понудија да достават листа на нивни најпродавани производи за време на новогодишните празници кои ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и повеќе. Новогодишната потрошувачка кошница е акциско намалување на цените на одделни прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци која ќе важи еден месец, односно во периодот од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година, во време кога се вклопуваат повеќе празници. Со акциското намалување на цените се опфатени основните прехранбени производи од различни групи на производи (леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и козервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалоци (вино и пиво) и др. Групите на производи се сублимираа во Листа на прехранбени производи во опфат од над 675 производи, понудени од вкупно 60 компании и производители и дистрибутери“ кажа министерот Дурмиши и потенцираше дека производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого ‘Помалку трошоци, повеќе за тебе’“, кажа Дурмиши на прес-конференција.

    Тој додаде дека граѓаните можат да се запознаат со производите кои се понудени во листата од страна на производителите и дистрибутерите на посебна веб-страна mojakosnica.mk. Производите од листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

    Акцијата ќе трае од 15 декември до 15 јануари.

    „Во присуство на производителите и дистрибутерите, повторно на едно исто место беа и производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, помалку трошоци повеќе за тебе, и се грижиме“, кажа премиерот Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира