АНГЕЛОТ ОД КУРБИНОВО ЕДНА ГОДИНА ЧЕКА СПАС, ОБНОВАТА ЃАВОЛСКИ ДОЦНИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АНГЕЛОТ ОД КУРБИНОВО ЕДНА ГОДИНА ЧЕКА СПАС, ОБНОВАТА ЃАВОЛСКИ ДОЦНИ

    Црквата „Св. Ѓорги“ од Курбиново, црковен бисер од 12 век и бесценет културно-историски споменик познат и како македонската Мона Лиза, уште чека надлежните да изработат проект за да се санираат оштетувањата.  Помина повеќе од една година откако беше поставена дрвената конструкција како времена заштита на црквата од натамошни оштетувања. Се направија истражувања,  други подготовки и уште лани се очекуваше да почнат градежните работи.

    Во програмата на Министерството за култура три години со ред пишува дека го финансираат проектот за конзервација на оваа црква позната по вредните фрески со ангелите. Меѓу нив е и Ангелот на благовештанието Гаврил, кој од тука е пресликан на македонските банкноти од 50 денари

    Но, од битолскиот Завод и музеј велат дека допрва ќе се распише тендер за изработка на градежно-конструктивен проект.

    „Планиравме градежно – конструктивниот проект да се работи со Институтот за земјотресно инженерство. Во меѓувреме, ги повикавме и експертите од Градежниот факултет од Скопје. Инсистираме најврвните институции од државата да го работат тој дел. Побаравме исто понуда и од нив. Ќе мора да распишиме тендерска постапка. Проектната документација треба да ги добие сите дозволи, да биде направена како што треба и  тогаш ќе почнеме со работата“, вели Зоран Алтипармаков, директор на битолскиот Завод и музеј.

    Во програмата на Министерството за култура три години со ред пишува дека го финансираат проектот за конзервација на оваа црква позната по вредните фрески со ангелите.  Меѓу нив е и Ангелот на благовештанието Гаврил, кој од тука е пресликан на македонските банкноти од 50 денари.

    Црквата има пукнатини на ѕидовите, насип од земја на едната страна, малтерот се рони,  фреските се побелени, ќерамидите се дотраени. Надлежните и лани признаа дека се пробиени роковите  за заштита на објектот, но велат дека нема да се дозволат градежни зафати сѐ додека проектот не се направи од највисоките експерти во земјава.

    Додека се чекаат експертите и административните процедури трпи ѕидното сликарство. Изработена е проектна документација за заштита на фрескоживописот, но се очекува интервенција на терен.

    „Има многу голема концентрација на соли застапени во најубавите делови од ѕидното сликарство, во делот на апсидата каде се наоѓаат ангелите. Тие се сите загрозени и ако не се направи нешто, за 10 до 15 години како прашина ќе се распаднат“, вели Ристо Палигора, историчар на уметност при битолскиот Завод и музеј.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира