ТРАМП ТВРДИ ДЕКА ЗАПРЕЛ ИСПЛАТА НА 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ СО КОИ ТРЕБАЛО ДА СЕ КУПАТ КОНДОМИ ЗА ХАМАС

    ТРАМП ТВРДИ ДЕКА ЗАПРЕЛ ИСПЛАТА НА 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ СО КОИ ТРЕБАЛО ДА СЕ КУПАТ КОНДОМИ ЗА ХАМАСНема докази дека тврдењата на Трамп се точни (Фото: АП)

    Доналд Трамп ги повтори тврдењата што претходно ги изнесе портпаролката на Белата куќа Керолајн Ливит дека неговата администрација спречила да бидат испратени 50 милиони долари во Газа наменети за купување кондоми за Хамас. Ливит кажа дека ова било откриено од новоформираниот Оддел за владина ефикасност, опишувајќи го како бесмислено трошење пари на даночните обврзници.

    Во тој процес идентификувавме и запревме да бидат испратени 50 милиони долари во Газа за да се купат кондоми за Хамас, 50 милиони!“, кажа Трамп.

    Тој додаде дека борците на Хамас користеле кондоми за да прават бомби, алудирајќи на извештаите дека милитантите користеле кондоми како балони за да пуштаат запаливи направи во Израел.

    Сепак, нема докази дека тврдењата на Трамп се точни. Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) не испраќа кондоми на Блиски Исток.

    Тоа е чиста дезинформација. Агенцијата намерно избегнуваше проекти за репродуктивно здравје на овие територии додека јас бев таму бидејќи беше премногу политички. Мислењето дека сме испратиле кондоми за 50 милиони долари во Газа е глупост“, изјави Дејв Харден, поранешен директор во УСАИД, кој водеше операции за Газа и Западен Брег од 2013 до 2016.

    Според сметководствените податоци на УСАИД за 2023, последни кои се јавно достапни, таа година не биле испратени кондоми на Блиски Исток.

    По враќањето во Белата куќа, Трамп потпиша извршна наредба со која на 90 дена се замрзнува целата американска меѓународна помош, која во тој период ќе биде ревидирана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира