НЕМА БЕ-СЕ-ЖЕ ВАКЦИНИ ОТИ НЕМА АВИОН СКОПЈЕ-СОФИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА БЕ-СЕ-ЖЕ ВАКЦИНИ ОТИ НЕМА АВИОН СКОПЈЕ-СОФИЈА

    Бебињата што се раѓаат на Клиниката за гинекологија и акушерство и во останатите родилишта во земјава последниов месец, од болница излегуваат невакцинирани против туберколоза, оти нема Бе-Се-Же вакцини.

    На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје од оваа вакцина, како што објаснуваат од Министерството за здравство, нема дваесетина дена, а во гинеколошко акушерската болница во Чаир, вакцина нема околу две недели. Во Здравствениот дом Скопје се трошат последните 20 дози од вакцината, за кои веќе се закажани бебиња и кои треба да бидат боцнати до петок.

    Од Министерството за здравство велат дека велат дека навреме ја спровеле набавката на потребните количини на Бе-Се-Же вакцината, но дека дистрибуцијата била одложена оти нема директен лет Скопје-Софија, искомбинирано со лошите временски услови.

    „Вакцината дистрибутерот ја носи од Софија и пратката се носи авионски. Нема директна авионска линија Софија-Скопје, туку со два лета и пратката мора да се претовари од еден во друг авион. Поради ниските температури кои ги имавме од -20 степени, се плашевме дека за време на претоварот на пратката може да се случи вакцините да ни замрзнат и затоа чекавме да се подобрат временските услови. Според најавите од дистрибутерот таа требаше да стигне минатата недела, но карго товарот бил преголем и не можеле да го натоварат на авион“, велат од Министерството за здравство.

    Новонабавените вакцини, според здравствените власти, треба да стигнат утре, а до крајот на неделата да се дистрибуираат до сите јавни здравствени установи.
    „Децата кои не ја примиле оваа вакцина во родилиште, ќе бидат вакцинирани во предвидениот рок согласно Правилникот за имунизација. Оваа состојба не претставува ризик по нивното здравје“, велат од Министерство за здравство.
    Вакцината против туберколоза или Бе-Се-Же вакцината новорденчињата ја примаат во родилиштата, односно непосредно пред излегување од болница. Според Правилникот за имунизација, објавен во Службен весник во 2015 година, вакцината против туберкулоза (Бе-Се-Же) може да се даде најдоцна до навршени 12 месеци од животот.

    „Вообичаено оваа вакцина се дава при испишување на детето од родилиште, но доколку од која било причина детето не може да биде вакцинирано во родилиште, вакцината ја прима во службите за имунизација во следните неколку месеци, а најдоцна до навршени 12 месеци од животот“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира