НАУЧНИЦИТЕ ГИ ОТКРИЈА ДОСЕГА НАЈСИЛНИТЕ ДОКАЗИ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ЖИВОТ НА ДРУГА ПЛАНЕТА

    НАУЧНИЦИТЕ ГИ ОТКРИЈА ДОСЕГА НАЈСИЛНИТЕ ДОКАЗИ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ЖИВОТ НА ДРУГА ПЛАНЕТАНа планета наречена К2-18б се откриени знаци на молекули кои на Земјата ги произведуваат само едноставни организми (Фото: уметнички приказ на планета)

    Научниците кои работат со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ велат дека го откриле досега најсилниот доказ за постоење на живот надвор од нашиот Сончев систем. Тим на Универзитетот Кембриџ кој ја проучува атмосферата на далечна планета наречена К2-18б открил знаци на молекули кои на Земјата ги произведуваат само едноставни организми.

    Ова е вторпат хемикалии поврзани со живот да се пронајдени во атмосферата на оваа планета, која е два и пол пати поголема од Земјата, но е оддалечена седумстотини трилиони километри од нас.

    Потребни се уште податоци за да се потврдат овие наоди и се надеваме дека наскоро ќе добиеме цврсти докази. Ова е најсилниот доказ досега дека веројатно постои живот таму. Мислам дека ќе можеме да го потврдиме тоа во рок од една до две години“, изјави водачот на истражувањето Нику Мадусудан.

    Научниците откриле дека атмосферата на планетата содржи хемиски потпис на најмалку една од двете молекули кои се поврзани со животот: диметил сулфид и диметил дисулфид. На Земјата, овие гасови се произведени од морски фитопланктони и бактерии.

    Проценетата количина на овој гас во атмосферата е илјадници пати поголема од онаа што ја имаме на Земјата. Ако поврзаноста со животот е вистинска, тогаш оваа планета ќе биде преполна со живот. Ако потврдиме дека има живот на К2-18б, тоа во основа треба да потврди дека животот е многу чест во галаксијата. Има многу ‘ако‘ и ‘или‘ во оваа фаза“, вели Мадусудан.

    Иако ова сугерира дека планетата можеби е преполна со микробиолошки живот, истражувачите засега не можат да објават дека откриле вистински живи организми, туку можен биопотпис, односно показател за биолошки процес, па се потребни повеќе набљудувања.

    Од 1990-тите се откриени околу 5.800 егзопланети, планети надвор од нашиот Сончев систем. Научниците претпоставуваат дека меѓу нив има и такви кои имаат атмосфера богата со водород и се покриени со течен воден океан, во кој можат да живеат микроорганизми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира