МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА САД РОБЕРТ КЕНЕДИ СО ВНУЦИТЕ ПЛИВАШЕ ВО ПОТОК ЗАГАДЕН СО ОТПАДНА ВОДА ОД КАНАЛИЗАЦИЈА

    МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА САД РОБЕРТ КЕНЕДИ СО ВНУЦИТЕ ПЛИВАШЕ ВО ПОТОК ЗАГАДЕН СО ОТПАДНА ВОДА ОД КАНАЛИЗАЦИЈАГрадот Вашингтон над 50 години го забранува пливањето и одењето во вода во сите водни патишта на Рок Крик, зашто има голема фекална загаденост и високи нивоа на бактерии, меѓу кои и ешерихија коли; - Кенеди објави фотографии од пливањето на Х.

    Секретарот за здравство на САД Роберт Ф. Кенеди Џуниор, сподели фотографии од него и неговите внуци како пливаат во загаден поток во Вашингтон каде што не е дозволено пливање бидејќи се користи за истекување на канализацијата. Рок Крик, кој тече низ поголемиот дел од северозападниот дел на Вашингтон, се користи за истекување на вишокот канализација и атмосферска вода за време на врнежите. Потокот има голема фекална контаминација и високи нивоа на бактерии, меѓу кои и ешерихија коли.

    Градот го забранува пливањето и одењето во вода во сите негови водни патишта повеќе од 50 години, поради големата загаденост на Рок Крик и другите блиски реки.

    „Рок Крик има високи нивоа на бактерии и други заразни патогени кои го прават пливањето и другите контакти со водата опасни за здравјето на луѓето (и домашните миленичиња)“, објави Службата за национални паркови во советот на својата веб-страница, додавајќи „Сите окружни водни патишта се предмет на забрана за пливање – ова значи и одење во водата!“

    Но, Кенеди во текот на викендот сподели фотографии на кои плива во Рок Крик, а на една слика се гледа дека е целосно потопен во вода. Кенеди во објавата на социјалните мрежи рече дека отишол да плива во Рок Крик за време на планинарењето на Денот на мајката во паркот Дамбартон Оукс со своето семејство – меѓу нив и неговите внуци, кои исто така се гледаат на фотографиите како пливаат во загадената вода.

    Паркот Дамбартон Оукс е низводно од Пајни Бранч, притока на Рок Крик која секоја година добива околу 150 милиони литри нетретирана канализација и атмосферска вода, според Управата за вода и канализација на Вашингтон ДЦ. Градските власти планираат да изградат тунел што ќе го намали количеството отпадна вода што се влева во Пајни Бранч и Рок Крик.

    Ова беше последниот во серијата чудни инциденти поврзани со Кенеди. Како тинејџер во 1970-тите години стекна репутација на безгрижен авантурист, јадел месо од диви животни и страдал од разни болести на патувањата во Јужна Америка и на сафари во Африка. Подоцна се прослави со неговото ракување со трупови на мртви животни – меѓу кои и кит и бебе мечка. Кенеди има речено и дека паразитски црв „влегол во мојот мозок и изел дел од него, а потоа умрел“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира