На поранешниот американски претседател Џо Бајден (82) му е дијагностициран рак на простатата, се наведува во соопштението од неговиот кабинет објавено во недела. Дијагнозата била поставена во петокот, откако Бајден минатата недела посетил лекар поради уринарни симптоми.
Според соопштението, станува збор за рак со Глисон резултат 9 и метастази на коските, што укажува на поагресивна форма на болеста. Се додава дека Бајден и неговото семејство ги разгледуваат опциите за третман.
Од кабинетот на поранешниот претседател велат и дека ракот е хормонски чувствителен, што значи дека најверојатно може да се стави под контрола.