ПОМОР НА РИБИ ВО РЕКАТА ТОПОЛКА ВО ВЕЛЕШКО, ИМА И БЕЛА ПЕНЕСТА МАТЕРИЈА

    ПОМОР НА РИБИ ВО РЕКАТА ТОПОЛКА ВО ВЕЛЕШКО, ИМА И БЕЛА ПЕНЕСТА МАТЕРИЈАПомор имало од кај затворот кај Оризари до вливот во Вардар (Фото: СДК.МК)

    Утрово бил регистриран помор на риби во реката Тополка, близу вливот во Вардар. За поморот алармирале велешките риболовци, кои во тие моменти биле покрај реката. Тие ги информирале рибочуварите од Здружението на спортски риболовци Бабуна од Велес, кој е концесионер со рибниот фонд на Тополка.

    Помор на риби имало од кај затворот кај Оризари до вливот во Вардар.

    Во 8:20 часот од рибочуварскaта служба е констатиран голем помор на риба. Присутна е и бела пенеста материја, која тече по површината. Има угинато клен, мрена, кркушка. Ги очекуваме резултатите од надлежните служби за причината за поморот“, кажа Даниел Наумовски, претседател на ЗРС „Бабуна“.

    Иако мрестот на рибата заврши пред еден месец, на некои парчиња се забележува дека се полни со икра, со што штетата по рибниот фонд е поголема. На терен по реката Тополка, во должина од неколку километри, бил и државен инспектор за животна средина, примероци од угинатата риба се доставени до Агенцијата за храна, додека надлежна лабораторија зела мостри од реката од две локации. Испитувањата треба да покажат од што угинала рибата и кое средство било пуштено во реката за таа да пени.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира