ПРОПАДНА И 50. ОБИД ДА СЕ КОНСТИТУИРА КОСОВСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, РОКОТ ИСТЕКУВА НА 26 ЈУЛИ

    ПРОПАДНА И 50. ОБИД ДА СЕ КОНСТИТУИРА КОСОВСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, РОКОТ ИСТЕКУВА НА 26 ЈУЛИОпозицијата одбива со тајно гласање да ја избере кандидатката на Самоопределување Албулена Хаџиу за спикерка на парламентот (Фото: Коха)

    Не се гледа крај на политичката криза во Косово откако парламентот не беше конституиран и од 50. обид, а пратениците продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат.

    Поминаа пет месеци од одржувањето на парламентарните избори во Косово. Во март беа потврдени конечните резултати, но косовскиот парламент и натаму е без претседател и потпретседател. Причината за тоа е што опозицијата одбива со тајно гласање да ја избере кандидатката на Самоопределување Албулена Хаџиу за спикерка на парламентот. Откако таа во шест рунди јавно гласање не го доби потребниот број гласови, Самоопределување премина на тактиката со тајно гласање, што досега исто така се покажа неуспешно.

    Седниците почнаа на 15 април и досега 50 пати беа прекинувани. Рокот за формирање на парламентот истекува на 26 јули, откако уставниот суд минатиот месец наложи тоа да се случи во рок од 30 дена. Косовската претседателка Вјоса Османи кажа дека спроведувањето на оваа одлука е уставна обврска.

    Следната седница е закажана за среда.

    Опозицијата го обвинува Самоопределување за блокада и институционална криза и смета дека инсистира на тајно гласање за да ги придобие гласовите на Српска листа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира