„АЕРОФЛОТ“ И ДЕНЕСКА ОТКАЖА ДЕСЕТИЦИ ЛЕТОВИ ПО ГОЛЕМИОТ ХАКЕРСКИ НАПАД, ДВЕ ПРОУКРАИНСКИ ГРУПИ ВЕЛАТ ДЕКА ГО ПЛАНИРАЛЕ ЕДНА ГОДИНА

    „АЕРОФЛОТ“ И ДЕНЕСКА ОТКАЖА ДЕСЕТИЦИ ЛЕТОВИ ПО ГОЛЕМИОТ ХАКЕРСКИ НАПАД, ДВЕ ПРОУКРАИНСКИ ГРУПИ ВЕЛАТ ДЕКА ГО ПЛАНИРАЛЕ ЕДНА ГОДИНА„Аерофлот“ вели дека го стабилизира распоредот на летови

    Руската авиокомпанија „Аерофлот“ откажа уште десетици летови денеска, но кажа дека го стабилизирала распоредот откако вчера беше мета на голем кибернетички напад.

    Две проукраински хакерски групи вчера објавија дека извршиле пробив во мрежата на „Аерофлот“, во операција што била планирана една година. Тие кажаа дека онеспособиле 7.000 сервери, извлекле податоци за патниците и вработените и презеле контрола врз личните компјутери на персоналот, вклучувајќи лица на високи позиции.

    Руската новинска агенција „Интерфакс“ објави дека „Аерофлот“ вчера откажал 59 летови од Москва од планираните 260. Денеска биле откажани уште 53 лета од и кон Москва.

    „Од денеска, 93% од нашите планирани летови од и кон Москва ќе одат според оригиналниот распоред. До десет часот беа откажани избрани летови, по што распоредот беше стабилизиран“, соопшти авиокомпанијата.

    Одговорноста за нападот ја презеле белоруската група „Сајбер партизани“, која долго време работи против Александар Лукашенко и помалку познатата група „Тивка врана“. Руските пратеници рекоа дека сајбернападот е повик за будење и дека истражителите треба да се фокусираат не само на сторителите, туку и на оние кои дозволиле да се случи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира