НА РАБОТА ДОЈДОА ДВЕТЕ ДИРЕКТОРКИ НА ГИМНАЗИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР

    НА РАБОТА ДОЈДОА ДВЕТЕ ДИРЕКТОРКИ НА ГИМНАЗИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАРЛозановска уште се води во Централниот регистар како законски застапник на училиштето и уште нема примено решение за разрешување, новата в. д. директорка Дамчевска ја назначи градоначалникот на пет дена пред распишување на локалните изборите, кои се распишаа на 9 август. (Фото: СДК.МК)

    Во Гимназијата „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар денес се појавија двете директорки, Маја Лозановска и Јасмина Дамчевска. Лозановска уште се води во Централниот регистар како законски застапник на училиштето и уште нема примено решение за разрешување, новата в. д. директорка Дамчевска ја назначи градоначалникот Никола Најдовски на пет дена пред распишување на локалните изборите, кои се распишаа на 9 август.

    наместо да ѝ се достави на Лозановска, на огласна табла е објавено решението за разрешување и именување на директор. Некој за време на колективен одмор во училиштето ги прмил решенијата, им дал деловоден број, датум на прием, но кога сфатил дека нема печат, ја обил вратата, вели адовактот Стевановски. (Фото: СДК.МК)

    Лозановска по истекот на боледувањето и претресот во нејзиниот дом на 8 август, кога полицијата ги бараше печатите од школото, денес се појави на работното место заедно со адвокатот Жаре Стевановски. На влезот беше лигитимирана и вработени се јавуваа на телефон да прашаат дали да ја пропуштат. Тие одбиваа да ги пуштат и новинарите да влезат, но откако им беше укажано дека тоа е државен, а не приватен имот, се повлекоа.

    Двете директорки се сретнаа во канцеларијата за наставници, зашто директорската беше провалена. Атмосферата беше тензична.

    „Замислете, наместо да ѝ се достави на Лозановска, на огласна табла е објавено решението за разрешување и именување на директор. Некој за време на колективен одмор во училиштето ги прмил решенијата, им дал деловоден број, датум на прием, но кога сфатил дека нема печат, ја обил вратата. Е, поради вакви работи младите деца ни заминуваат од државата. Требаше да се почека да се врати директорката од боледување, па да се изврши примопредавање. Но, по распишување на изборите ваква одлука немаше да држи правен основ, затоа се брзаше“, рече Стевановски.

    Двете директорки се сретнаа во канцеларијата за наставници, зашто директорската беше провалена. (Фото СДК. МК)

    Дамчевска изјави дека по добивањето на решението од градоначалникот, на 6 август стапила на функција. Но, поради отсуството на печатите во институцијата, не можела да се пријави во Централен регистар.

    Додека беа во школото, Стевановски во два наврати телефонски ја пријавуваше провалата во МВР. Дојдоа полицајци кои ги отстранија сите заедно со новинарите, за да направат увид. Додека беа сите надвор, во училиштетето влезе новата в. д. директорка Дамчевска која претходно накратко беше излезена.

    Дојдоа полицајци кои ги отстранија сите заедно со новинарите, за да направат увид. (Фото: СДК.МК)

    Лозановска и Стевановски рекоа дека треба да заврши увидот за потоа да може да се влезе внатре и да се покажат каде се печатите и дека никој не ги има земено.

    За изјавите дека Државниот просветен инспекторат нашол неправилности во нејзиното работење, Лозановска рече дека не се работи за никакви финансиски злоупотреби туку за намален број на часови поради помалку работни денови во годината, што никако не е кривично дело.

    „Уште НАСА ова училиште не го има прочешлано“, рече со иронија адвокатот Стевановски.

    Тој додаде дека директорка на школото уште е Лозановска зашто според Изборниот законик, од 10 август наваму сите постапки околу разрешување на лица на фунции треба да бидат ставени во мирување.

    Адвокатот Стеваноски на 8 август изјави дека целта била да се назначи новата в. д. директорка која ќе ги заврши трите вработувања пред распишување на локалните избори.

    Лозановска и адвокатот денеска се јавија на информативен разговор во полиција, но беа прашани кој ги повикал, и повикани се утре, 13 август, пак да дојдат во полиција на разговор.

    На 8 август вечерта, полицијата направи претрес во домот на Лозановска барајќи го печатот од училиштето. Таа во тој период беше на боледување, а полицискиот началник рече дека и на носилки ќе ја однесе на информативен разговор иако имаше налог само за претрес, а не и за нејзино лишување од слобода. Од МВР покренаа дисциплинска постапка против началникот, а за случајот соопштија дека против директорката имало пријава и постоеле основи на сомневање за кривично дело Одземање печат и службени документи.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира