РУСИЈА ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ И ИВАНОВ ОД ЕУ И НАТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Москва,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РУСИЈА ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ И ИВАНОВ ОД ЕУ И НАТО

    Руското Министерство за надворешни работи се јави со соопштение во кое ги обвини ЕУ и НАТО дека сакаат да ја донесат на власт опозицијата, откако вчера претседателот Ѓорге Иванов одби да му го даде мандатот за формирање влада на Зоран Заев. Руското МНР тврди дека ЕУ и НАТО прават обиди на Македонците да им наметнат албанска платформа, создадена во Тирана. Иванов, во вчерашното обраќање кажа дека не му го дава мандатот лидерот на СДСМ, бидејќи преговара за платформа направена во странска држава.

    „Преку активното делување на раководствата на ЕУ и НАТО се прават обиди на Македонците да им наметне т.н. ‘албанска платформа’, создадена во Тирана во кабинетот на премиерот и под мапата на т.н. ‘Голема Албанија’, илустрирајќи ги територијалните претензии кон делови од соседните Црна Гора, Србија, Македонија и Грција“, велат од руското МНР.

    Оттаму додаваат дека Западот предизвикува ерозија на уставните темели во земјата.

    „Сакаме да потсетиме дека на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември 2016-та година, одржани на инсистирање на ЕУ и САД, победи владејачката партија на чело со Никола Груевски. Сега Западот и албанското малцинство сакаат на власт во Скопје да ја доведат поразената опозиција, прифаќајки ги ултиматумите на Албанците, што предизвикува ерозија на уставните темели во земјата“, стои во соопштението на руското МНР.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира