ТРАМП ВОВЕДЕ НАДОМЕСТ ОД 100.000 ДОЛАРИ ЗА ВИЗИТЕ ЗА КВАЛИФИКУВАНИ РАБОТНИЦИ

    ТРАМП ВОВЕДЕ НАДОМЕСТ ОД 100.000 ДОЛАРИ ЗА ВИЗИТЕ ЗА КВАЛИФИКУВАНИ РАБОТНИЦИТрамп најави и „златна карта“ за брзо добивање визи, која ќе чини најмалку милион долари (Фото: АП)

    Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која квалификуваните работници кои аплицираат за американска виза ќе мора да платат надомест од 100.000 долари. Во наредбата се вели дека визната програма Х-1Б се злоупотребува и ќе го ограничи влезот ако не се направи плаќање.

    Критичарите долго време тврдат дека програмата H-1Б ја потценува американската работна сила, додека поддржувачите, меѓу кои е и милијардерот Илон Маск, велат дека таа им овозможува на САД да привлечат врвни таленти од целиот свет.

    100.000 долари годишно за Х-1Б визи, а сите големи компании се согласуваат. Разговаравме со нив. Ако обучувате некого, обучете еден од неодамна дипломираните студенти од еден од големите универзитети низ нашата земја. Обучувајте Американци. Престанете да носите луѓе да ни ги земат работните места“, кажа американскиот министер за трговија Хауард Латник.

    Од 2004, бројот на Х-1Б апликации е ограничен на 85.000 годишно. За овие визи досега се плаќаа разни административни такси во вкупен износ од околу 1.500 долари.

    Најголемиот корисник на програмата во претходната фискална година бил „Амазон“, по што следуваа технолошките гиганти „Тата“, „Мајкрософт“, „Мета“, „Епл“ и „Гугл“, според владината статистика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира