ФИНСКАТА АВИОКОМПАНИЈА „ФИНЕР“ ПРИЗЕМЈИ ОСУМ АВИОНИ ЗАТОА ШТО СЕДИШТАТА БИЛЕ ИСПРАНИ СО ВОДА

    ФИНСКАТА АВИОКОМПАНИЈА „ФИНЕР“ ПРИЗЕМЈИ ОСУМ АВИОНИ ЗАТОА ШТО СЕДИШТАТА БИЛЕ ИСПРАНИ СО ВОДА„Финер“ откажа околу 40 летови за два дена, што влијаеше на 5.000 патници (Фото: СДК.МК)

    Финската авиокомпанија „Финер“ откажа летови за илјадници патници откако откри дека можеби ги прекршила прописите за противпожарна безбедност така што ги чистела седиштата во авионите со вода. Финер откажа околу 40 летови во изминатите два дена, што влијаеше на околу 5.000 патници, изјави портпарол на авиокомпанијата за „Бизнис инсајдер“.

    Финскиот национален авиопревозник привремено приземји осум од своите 15 авиони „ербас А321“ откако производителот на навлаките за седиштата во авионите го известил дека не е потврдено дали нивното миење со вода влијаело на противпожарната заштита.

    „Безбедноста е секогаш наш врвен приоритет и секогаш ги следиме упатствата за одржување на производителите, како и упатствата и препораките на властите“, рече портпаролот на „Финер“.

    Во понеделникот, осумте авиони беа превезени без патници до центарот на Финер“ во Хелсинки.

    Испитуваме опции за враќање на авионите во употреба што е можно поскоро“, додадоа од „Финер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира