ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ РЕЧИСИ ЕДНОГЛАСНО ГЛАСАШЕ ДА СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ДОСИЕЈА ЗА ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН

    ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ РЕЧИСИ ЕДНОГЛАСНО ГЛАСАШЕ ДА СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ДОСИЕЈА ЗА ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈНСлучајот Епстајн го прогонува Трамп со месеци (Фото: АП)

    Претставничкиот дом на американскиот Конгрес речиси едногласно гласаше за објавувањето на сите досиеја за сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн. Ова беше поддржано од дури 427 пратеници, а само еден беше против и огромното мнозинство значи дека Доналд Трамп нема да може да стави вето на законот ако стигне до него.

    Гласањето уследи само неколку дена откако Трамп ги повика републиканците од Претставничкиот дом да гласаат за објавување на сите досиеја за Епстајн.

    Законот кој го принудува министерството за правда на САД да ги објави сите досиеја за Епстајн сега оди во Сенатот.

    Демократите во Претставничкиот дом минатата недела објавија над 2.900 документи за кои кажаа дека отвораат нови прашања за односот на Трамп со Епстајн и колку тој знаел за злоупотребата на малолетни девојчиња. Случајот Епстајн го прогонува Трамп со месеци. Дури и некои негови политички поддржувачи веруваат дека владата ги прикрива врските на Епстајн со богатите и моќните. Трамп и републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин, традиционално една од неговите најжестоки бранителки, јавно се караа околу досиејата во изминатите денови, при што тој ја нарече предавничка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира