АКАДЕМИК МИТЕВСКИ, КОМПОЗИТОРОТ ГЛИШИЌ И УМЕТНИКОТ ИБРАХИМ ЈА ДОБИЈА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

    АКАДЕМИК МИТЕВСКИ, КОМПОЗИТОРОТ ГЛИШИЌ И УМЕТНИКОТ ИБРАХИМ ЈА ДОБИЈА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“Витомир Митевски, Живојин Глишиќ и Беди Ибрахим на денешната свеченост во Собранието. (Фото: К. Попов)

    Академик Витомир Митевски, композиторот Живоин Глишиќ и уметникот Беди Ибрахим денеска на свеченост во Собранието ја примија државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2025.

    Академик Митевски, филозоф и класичен филолог, ја доби нагрдата за остварување во областа на воспитанието и образованието, а Глишиќ и Ибрахим за остварување во областа на културата и уметноста ја добиваат

    Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на писателот Томислав Османли.

    Во име на добитниците на наградата се заблагодари академикот Митевски, кој рече дека култура значи култивирање на духот која е суштествена одлика на човечкото суштество.

    „Наградата е голема, за мене би рекол и убава, затоа што го носи името на нашиот прв учител, на името на светец – Свети Климент Охридски. Не само основоположник на нашата црква, туку во исто време е и еден подвижник и основоположник на нашиот културен идентитет, на нашата култура. Кога зборувам за култура овде, јас ја доживувам она изворно значење на латинскиот збор ‘култура’ која значи во исто време и култура во широка смисла на зборот, но и образование кое го препознаваме во она наше култивирање, тоа е култивирање на духот. Култивирање на духот е суштествена одлика на човечкото суштество. Ние од другите живи суштества се разликуваме на разни начини, но можеби најмногу се разликуваме во однос на нив со нашата култура. Ние се создаваме самите себеси преку нашата култура. Културата има значење и на национален план, затоа што како некои наши преродбеници и други дејци од порано сфатиле дека културата е она што е суштествено за еден народ. Еден од нив вели ‚Културата, тоа е душата на еден народ“, рече академик Митевски.

    Државната награда „Свети Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира