Украина објави дека погодила танкер од руската флота во сенка во Средоземното Море. Украинската безбедносна служба (СБУ) кажа дека дронови погодиле танкер кој бил празен и се наоѓал околу 2.000 километри од брегот на Украина. Притоа му била нанесена сериозна штета.
СБУ објави видео кое прикажува голем брод во пламен.
„Нападот се случи во неутралните води на Средоземното Море и бродот не превезувал никаков товар“, кажаа од СБУ.
Ова е прв украински напад во Средоземното Море, откако претходните вакви напади беа изведени во Црното Море. Украина вели дека нападите врз бродовите од руската флота во сенка се оправдани зашто Русија ги користи за да ја финансира војната.



