Јапонската влада донираше 368.626 евра за амбулантно и противпожарно возило рехабилитација на две училишта, механизација за превенција од поплави и за медицинска апаратура.
Тојоказу Кубота, в.д. амбасадор во Амбасадата на Јапонија во Скопје, рече дека ова е најголемата сума во последните десет години што е издвоена од програмата „Грант-помош за поддршка на мали проекти“ во Македонија.
„Убедени сме дека сите институции совесно ќе ги искористат средствата од грантовите за исполнување на поставените цели на проектите. Амбасадата на Јапонија во Скопје е подготвена да им помогне во нивните напори, а лично со нетрпение очекувам да ги посетам локациите на завршените проекти“, изјави Кубота.
Оваа програма во Македонија се спроведува во 1996 година и досега се реализирани повеќе од 100 проекти низ целата земја, со вкупен износ од околу шест милиони евра.