НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ПО ЕКСПЛОЗИЈА И ПОЖАР ВО БАР ВО СКИЈАЧКИОТ ЦЕНТАР КРАН МОНТАНА ВО ШВАЈЦАРИЈА

    НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ПО ЕКСПЛОЗИЈА И ПОЖАР ВО БАР ВО СКИЈАЧКИОТ ЦЕНТАР КРАН МОНТАНА ВО ШВАЈЦАРИЈАПолицијата стравува дека бројот на жртви може да виде многу голем (Фото: Принтскрин од видео)

    Неколку лица загинаа и многу се повредени по експлозија и пожар во бар во луксузниот ски центар Кран Монтана, во југозападна Швајцарија, соопшти денеска швајцарската полиција.

    Повикувајќи се на полицијата, „Скај њуз“ објави дека во инцидентот загинале најмалку 10 лица, а некои локални медиуми наведуваат дека бројот може да биде и поголем. Портпарол на полицијата одби да го потврди точниот број на жртви, но изјави дека голем број луѓе се згрижуваат поради изгореници.

    Повеќе од 100 луѓе биле во барот во времето на експлозијата, изјави портпаролот на полицијата. Пожарот избувнал ноќеска во 1:30 часот, нејасна е причината за експлозијата, областа е целосно затворена, а над Кран-Монтана е воведена зона за забрането летање, соопшти полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира