РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА ЛАНСИРАЛА ПРОЕКТИЛ „ОРЕШНИК“ КОН УКРАИНА КАКО ОДМАЗДА ЗА НАПАДОТ ВРЗ РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИН

    РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА ЛАНСИРАЛА ПРОЕКТИЛ „ОРЕШНИК“ КОН УКРАИНА КАКО ОДМАЗДА ЗА НАПАДОТ ВРЗ РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИНПокрај Лвов, Русија ноќеска го нападнала и Киев (Фото: АП)

    Руската војска соопшти дека испалила хиперсонична ракета „орешник“ кон мета во Украина во рамките на ноќешниот масовен напад врз енергетските објекти и погоните за производство на дронови. Министерството за одбрана кажа дека ова е одговор на украинскиот обид да се нападне резиденцијата на Владимир Путин во северна Русија кон крајот на декември. Киев го негира нападот и ја обвини Русија дека лаже.

    Гувернерот на Лвов претходно изјави дека во руски напад била погодена инфраструктурна цел, за што на социјалните медиуми беше кажано дека е големо подземно складиште за гас. Украинските воздухопловни сили кажаа дека во нападот била употребена балистичка ракета која се движела со брзина од речиси 13.000 километри на час.

    Русија првпат лансираше „орешник“ во ноември 2024, во напад врз воена фабрика во градот Днипро. Украински извори тогаш кажаа дека ракетата носела лажни боеви глави, а не експлозиви и предизвикала ограничена штета.

    Путин тврди дека оваа ракета со среден дострел е невозможно да се пресретне зашто може да лета десетпати побрзо од брзината на звукот и дека нејзината деструктивна моќ е споредлива со онаа на нуклеарно оружје, дури и кога е опремена со конвенционална боева глава. Некои западни функционери изразија скептицизам во врска со можностите на „орешник“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира