ДВАЈЦА МАЖИ ОД СКОПЈЕ НАЈДЕНИ ПОЧИНАТИ ВО ВИКЕНДИЦА ВО СЕЛОТО ГОРНА ЃОНОВИЦА, ГОСТИВАРСКО

    ДВАЈЦА МАЖИ ОД СКОПЈЕ НАЈДЕНИ ПОЧИНАТИ ВО ВИКЕНДИЦА ВО СЕЛОТО ГОРНА ЃОНОВИЦА, ГОСТИВАРСКОПолицијата не даде детали за причината за смртта, но најверојатно е задушување со јаглен моноксид. (Фото: СДК.МК)

    Две починати лица се најдени во викендичка во село Горна Ѓоновица, Гостиварско, според пријавата од синоќа во ОВР Гостивар. Двајцата биле од Скопје, а при увидот не биле забележани траги на насилство.

    „На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с. Горна Ѓоновица, Гостиварско, се пронајдени починати Т. Ј. (30) и И. Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово“, соопшти полицијата.

    Полицијата не даде детали за причината за смртта, но најверојатно е задушување со јаглен моноксид.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира