МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ ПРИОРИТЕТНИТЕ 10 ЗЕМЈИ ВО НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ХРАНА НА ОАЕ, ВЕЛАТ ОД ДЕЛОВНИОТ СОВЕТ СО ЗЕМЈИТЕ ОД БЛИСКИ ИСТОК

    МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ ПРИОРИТЕТНИТЕ 10 ЗЕМЈИ ВО НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ХРАНА НА ОАЕ, ВЕЛАТ ОД ДЕЛОВНИОТ СОВЕТ СО ЗЕМЈИТЕ ОД БЛИСКИ ИСТОКДелегацијата предводена од претседателот на Советот, Ненад Митевски, реализираше низа средби со високи бизнис-претставници и институции од ОАЕ, Кувајт, Бахреин и Оман

    Македонија се наоѓа меѓу приоритетните 10 земји во рамките на Националната безбедносна стратегија за храна на Обединетите Арапски Емирати („Food Security“), кажаа од Деловниот совет на Македонија со земјите од Блиски Исток, кој учествуваше на престижниот Светски самит на влади, што се одржа во Дубаи. Од Советот велат дека ова претставува огромна шанса за македонските земјоделци и прехранбената индустрија за пласман на производите на овој пазар.

    Делегацијата беше предводена од претседателот на Советот, Ненад Митевски, реализираше низа средби со високи бизнис-претставници и институции од ОАЕ, Кувајт, Бахреин и Оман. Во фокусот на разговорите беа конкретни проекти за унапредување на економската соработка, со посебен акцент на туризмот, зголемување на извозот на македонски земјоделски производи и привлекување инвестиции во високотехнолошките сектори.

    „Ангажманот на нашата дипломатска мрежа и професионализмот на амбасадорот во ОАЕ, Абдулкадар Мемеди, се насочени кон промоција на клучните политички и, пред сè, економски интереси на нашата држава. Целосното либерализирање на визниот режим и заемното признавање на возачките дозволи помеѓу Македонија и Емиратите се доказ за постојаниот интерес за развојот и интензивирањето на целокупната соработка помеѓу двете земји“, кажа Митевски.

    Советот ја разгледа можноста за формирање современ технолошки парк во Македонија, наменет за поддршка на стартап заедницата и технолошките компании. За да се обезбеди оперативна поддршка за овие проекти, Митевски најави отворање на канцеларија на Деловниот совет во ОАЕ, што ќе овозможи директна и постојана комуникација со арапските партнери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира