ЛАКОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ВО ИТАЛИЈА СЕ УРНА НА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

    ЛАКОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ВО ИТАЛИЈА СЕ УРНА НА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕФормацијата во Мелендуњо беше тиристичка атракција и популарно место за запросувања (Фото: Гети)

    Позната карпеста структура во Италија наречена Лакот на вљубените се урна на Денот на вљубените по неколку дена поројни дождови и силни ветрови. Формацијата во Мелендуњо во покраината Апулија беше тиристичка атракција и популарно место за запросувања на јадранскиот брег.

    Ова беше непосакуван подарок за Денот на вљубените. Ова е многу тежок удар за регионот и туризмот“, изјави градоначалникот на Мелендуњо, Маурицио Чистернино.

    Уривањето на природното обележје првпат било забележано во неделата наутро. Официјални лица сметаат дека силното невреме во изминатите денови предизвикано од бурата Оријана ја забрзало ерозијата на карпата, поради што дошло до уривањето.

    Изгубивме една од дефинирачките карактеристики на нашиот регион. За жал, природните процеси често се забрзуваат од метеоролошките феномени, како што е бурата Оријана“, изјави регионалниот претседател на Пуља, Антонио Декаро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира