ПОЧИНА АКТЕРОТ ЕРИК ДЕЈН, ЅВЕЗДАТА НА СЕРИЈАТА „ВОВЕД ВО АНАТОМИЈА“

    ПОЧИНА АКТЕРОТ ЕРИК ДЕЈН, ЅВЕЗДАТА НА СЕРИЈАТА „ВОВЕД ВО АНАТОМИЈА“Дејн лани објави дека му е дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (Фото: АП)

    Ерик Дејн, американскиот актер кој се прослави со серијата „Вовед во анатомија“, почина на 53 години, помалку од една година откако објави дека му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС).

    Дејн имаше значајна улога и во наградуваната тинејџерска серија „Еуфорија“, но најмногу ќе остане запаметен како д-р Марк Слоун или д-р Мекстими од „Вовед во анатомија“, што го играше во 139 епизоди од 2006 до 2021.

    Со тешко срце споделуваме дека Ерик Дејн почина по храбрата битка со АЛС“, соопшти неговото семејство.

    Дејн беше во брак со актерката Ребека Гејхарт, со која доби две деца.

    Откако лани откри дека боледува од АЛС, Дејн ги помина последните месеци од животот ширејќи ја свеста за најчестата форма на моторна невронска болест. АЛС е ретка дегенеративна болест која предизвикува прогресивна парализа на мускулите.

    Роден во Сан Франциско во 1972, Дејн дебитираше на телевизија во 1993. Подоцна ги играше и Џејсон Дин во популарната серија „Волшебнички“ и капетанот Том Чендлер во акционата серија „Последниот брод“, а имаше улоги и во неколку блокбастери, како „Икс-Мен: Последниот фронт“ од 2006 и „Лоши момци 4“ од 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира