НАД 6.400 АКТИВНИ ФИРМИ РАБОТАТ БЕЗ ФИСКАЛНИ АПАРАТИ, ПОКАЖА КОНТРОЛАТА НА УЈП, СЛЕДИ ПРОВЕРКА НА УШТЕ 14.000

    НАД 6.400 АКТИВНИ ФИРМИ РАБОТАТ БЕЗ ФИСКАЛНИ АПАРАТИ, ПОКАЖА КОНТРОЛАТА НА УЈП, СЛЕДИ ПРОВЕРКА НА УШТЕ 14.000Овие податоци се добиени при контрола на субјекти во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, правни и сметководствени дејности, туристички агенции и организатори на патувања. (Фото: К. Попов)

    Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека 6.451 фирми се деловно активни и имаат вработени лица, а воопшто немаат регистрирано фискални апарати. Овие податоци се добиени при контрола на субјекти во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, правни и сметководствени дејности, туристички агенции и организатори на патувања (туроператори), каде што претежно се врши промет на добра и услуги кон крајни купувачи со готовински плаќања

    Од тие 6.451, 3.115 субјекти се регистрирани и за целите на ДДВ, што дополнително укажува на вршење редовна деловна активност.

    „Активностите и контролите во првата фаза ќе бидат насочени токму кон овие активни субјекти, со цел нивно итно усогласување со законските обврски за евидентирање на готовинските плаќања. Дополнително, од страна на УЈП детектирани се уште 13.966 даночни обврзници во овие дејности без регистрирани фискални уреди, за кои УЈП ќе спроведе теренски проверки, вкрстување на податоци и други контролни механизми, со цел да се утврди дали истите реално вршат деловна активност без да го пријавуваат прометот и без да пресметуваат и плаќаат даноци“, велат од Управата.

    Доколку се утврди дека субјектите вршат дејност, но не го пријавуваат прометот и не пресметуваат и плаќаат даноци, покрај прекршочни, ќе бидат покренати и соодветни кривични постапки согласно закон.

    Управата за јавни приходи укажува дека непостапувањето согласно законските одредби предвидени во Законот за регистрирање на готовинските плаќања претставува прекршок, за кој се предвидени парични глоби и запечатување на трговски објекти согласно прекршочните одредби од законот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира