ПОВЕЛБАТА „ТРИФУН ПАНОВСКИ“ ЈА ДОБИЈА 10 ВРВНИ ЛЕКАРИ ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА МЕДИЦИНСКАТА НАУКА

    ПОВЕЛБАТА „ТРИФУН ПАНОВСКИ“ ЈА ДОБИЈА 10 ВРВНИ ЛЕКАРИ ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА МЕДИЦИНСКАТА НАУКАПризнанието „Трифун Пановски“ се доделува за исклучителен и континуиран придонес во развојот на медицинската наука, унапредувањето на клиничката практика и подигнувањето на квалитетот на здравствената заштита. (Фото: Македонско лекарско друштво)

    Десетмина доктори се добитници на повелбата „Трифун Пановски“, која вчера ја додели Македонското лекарско друштво на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето. Признанието „Трифун Пановски“ се доделува за исклучителен и континуиран придонес во развојот на медицинската наука, унапредувањето на клиничката практика и подигнувањето на квалитетот на здравствената заштита.

    Годинава добирници се проф. д-р Гордана Ристовска, проф. д-р Горан Кондов, прим. д-р Жаклина Шопова, проф. д-р Деска Димитриевска, проф. д-р Славица Костадинова-Куновска, прим. др. Диел Аголи, д-р Злате Стојаноски, д-р Сотир Ставридис, д-р Тања Струменикова, доц. д-р Зорица Нановиќ и проф. д-р Голубинка Бошевска.

    Годинава, Светскиот ден на здравјето се одбележа под мотото „Заедно за здравје. Науката ја прави здравствената заштита подостапна“.

    На свеченоста, реферат на тема „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ одржа проф. д-р Марија Димзова, која се осврна на современите научни достигнувања и нивното влијание врз подобрување на здравствената грижа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира