„ЕПЛ“ НАЗНАЧИ НОВ ШЕФ ОТКАКО ТИМ КУК ОБЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ПО 15 ГОДИНИ

    „ЕПЛ“ НАЗНАЧИ НОВ ШЕФ ОТКАКО ТИМ КУК ОБЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ПО 15 ГОДИНИПод водство на Кук, „Епл“ стана една од највредните компании во светот (Фото: АП)

    Епл“ го назначи Џон Тернус за нов извршен директор, заменувајќи го Тим Кук, кој објави повлекување по 15 години водење на американскиот технолошки гигант. Тернус, кој моментално е шеф за хардвер инженеринг, ќе ја преземе функцијата на 1 септември, додека Кук ќе остане во компанијата како извршен претседател.

    Кук стана извршен директор на „Епл“ во 2011, откако коосновачот Стив Џобс поднесе оставка од здравствени причини и набргу потоа почина од рак. Оставката на Кук следува по неколку месеци шпекулации дека „Епл“ бара нов шеф.

    Оваа работа беше најголемата привилегија во мојот живот“, кажа Кук.

    Под водство на Кук, „Епл“ стана една од највредните компании во светот. Нејзината вредност денес се проценува на речиси четири трилиони долари.

    Тернус е визионерски извршен директор со ум на инженер, душа на иноватор и со срце за водење со интегритет и чест. Тој е без сомнение вистинската личност да го води ‘Епл‘ во иднината“, рече Кук.

    Тернус, кој е дел од „Епл“ веќе 25 години, го опиша Кук како свој ментор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира