„ЕНВИДИЈА“ ГО КУПИ СТАРТАПОТ „КУМО АИ“ НА МАКЕДОНЕЦОТ ВАЊА ЈОСИФОВСКИ ЗА 400 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    „ЕНВИДИЈА“ ГО КУПИ СТАРТАПОТ „КУМО АИ“ НА МАКЕДОНЕЦОТ ВАЊА ЈОСИФОВСКИ ЗА 400 МИЛИОНИ ДОЛАРИTројцата коосновачи на „Кумо АИ“, Вања Јосифовски (прв од лево), професорот на Стенфорд Јуре Лесковец и Хема Рагаван, поранешна инженеринг директорка на „Линкдин“, минатиот месец преминале во „Енвидија“. (Фото: Кумо АИ)

    „Енвидија“ го купи за 400 милиони долари „Кумо АИ“, мал стартап кој развива основни модели дизајнирани да прават точни деловни предвидувања во кој коосновач и извршен директор е Македонецот Вања Јосифовски. Според порталите за технологија и бизнис „Информејшн“ и „Форчун“, „Енвидија“ одбила коментар, а информацијата е потврдена од повеќе извори запознаени со трансакцијата.

    Tројцата коосновачи на „Кумо АИ“, Вања Јосифовски, професорот на Стенфорд Јуре Лесковец и Хема Рагаван, поранешна инженеринг директорка на „Линкдин“, минатиот месец преминале во „Енвидија“ според нивните профили на Линкдин, но на веб-страницата на комшанијата нема официјална информација за продажбата.

    Скопјанецот Вања Јосифовски, кој повеќе години живее и работи во САД, беше главен директор за тенологија во „Ербиенби“ и „Пинтерест“, а претходно главен истражувач на интернет компанија „Јаху“.

    „Енвидија“ е водечка американска мултинационална технолошка компанија специјализирана за дизајнирање и производство на графички процесори, чипови за вештачка интелигенција и хардвер за центри за податоци. Таа е еден од најголемите и најважни двигатели на современата технологија во светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира