МУЗИКАТА БЕШЕ МОЈАТА ПРВА ЖЕЛБА, ВЕЛИ ЕНТОНИ ХОПКИНС, КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИ ПРВИОТ АЛБУМ НА 88 ГОДИНИ

    МУЗИКАТА БЕШЕ МОЈАТА ПРВА ЖЕЛБА, ВЕЛИ ЕНТОНИ ХОПКИНС, КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИ ПРВИОТ АЛБУМ НА 88 ГОДИНИАлбумот ќе содржи оригинални композиции што Хопкинс ги создал во изминатите шест децении (Фото: Гети)

    Легендарниот актер Ентони Хопкинс потпиша за издавачката куќа „Дека класикс“ и ќе го објави својот прв музички албум на 88 години, насловен „Life Is a Dream“. Тој ќе содржи оригинални композиции создавани во изминатите шест децении, кои се изведени од Филхармонскиот оркестар од Лондон, под диригентство на Густаво Дудамел.

    Хопкинс почнал да свири пијано на четири години, а со компонирање почнал како тинејџер. Првиот објавен сингл од албумот е „Bracken Road“, оригинално напишан во 1963 додека работел како млад актер во Ливерпул.

    Музиката беше мојата прва желба. Компонирам музика целиот свој живот. Некои од овие дела живеат со мене со децении и сè уште се навраќам на нив“, изјави Хопкинс.

    Албумот со 12 композиции ќе излезе следниот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира