Водата за пиење во Крушево е микробиолошки неисправна вода, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Прилеп велат дека по примероците земени на 20 јули, водата од чешмите Света Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел Монтана (Општина Крушево) е микробиолошки неисправна за пиење.
„Од ЈП ‘Комуна’ Крушево известуваат дека, поради бактериолошката неисправност на водата, за пиење треба да се користи флаширана вода, а за готвење и миење се препорачува водата пред употреба да се преврива најмалку 10 минути“, апелира ЦУК.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



