УКРАДЕНИ БАКАРНИ ЖИЦИ И ШИНИ ОД ЕЛЕКТРОВЛЕЧНАТА ПОДСТАНИЦА ДРАЧЕВО, ШТЕТАТА Е НАД 5 МИЛИОНИ ЕВРА

    УКРАДЕНИ БАКАРНИ ЖИЦИ И ШИНИ ОД ЕЛЕКТРОВЛЕЧНАТА ПОДСТАНИЦА ДРАЧЕВО, ШТЕТАТА Е НАД 5 МИЛИОНИ ЕВРАОва не е само кражба на бакар и опрема, туку тежок напад врз критичната железничка инфраструктура и врз имотот на државата и граѓаните, вели Министесртвото за транспорт. (Фото: МТ)

    Бакарни жици, бакарни шини и прачки се украдени од електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево во Скопје и  според првичната проценка, директната материјална штета изнесува околу 5 милиони евра, соопшти Министерството за транспорт и врски.

    При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено трансформаторското масло, додека бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени. (Фото: МТ)

    Оттаму велат дека е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, односно, објектот е доведен во состојба на целосна нефункционалност.

    „При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено трансформаторското масло, додека бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени. Овој настан не претставува само кражба на бакар и опрема, туку тежок напад врз критичната железничка инфраструктура и врз имотот на државата и граѓаните. Оштетувањето на објекти од ваков вид може да предизвика сериозни последици за безбедноста, стабилноста и редовното функционирање на железничкиот сообраќај“, вели Министерството.

    Целосно  е уништен значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, објектот е доведен во состојба на целосна нефункционалност. (Фото: МТ)

    Министерството за транспорт апелира до надлежните институции случајот да биде темелно и итно истражен, сторителите и сите лица вклучени во кражбата, транспортот и понатамошното отуѓување на украдените материјали да бидат идентификувани и да понесат соодветна одговорност.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира