НА 97 ГОДИНИ ПОЧИНА ЈАПОНСКАТА УМЕТНИЦА ЈАЈОИ КУСАМА

    НА 97 ГОДИНИ ПОЧИНА ЈАПОНСКАТА УМЕТНИЦА ЈАЈОИ КУСАМАКусама со децении живеела и творела во психијатриска болница (Фото: АП)

    Јапонската авангардна уметница Јајои Кусама, која се прослави со шарените скулптури и инсталации покриени со точки, почина на 97-годишна возраст. Кусама, која доброволно живеела во психијатриска болница со децении, беше позната по својата светлоцрвена перика и џиновските, необични креации.

    Нејзините изложби привлекуваа големи толпи во целиот свет, а нејзините живописни дела достигнаа некои од највисоките цени за жена уметник.

    Од нејзиниот тим кажаа дека Кусама починала во болница во Токио на 14 август.

    Кусама стана една од најпрепознатливите уметници во светот и глобална културна икона во своите 80-ти и 90-ти години, откако со децении беше претежно занемарена. Лошо прифатена од уметничката сцена во Њујорк во 1960-тите, на која доминираа мажи, Кусама предизвика возбуда со своите изложби на фалусни скулптури и чести прикажувања на голотија.

    Во 1965 година, нејзиното дело „Бесконечни соби со огледала“, во кое огледалата и светлата создаваат навидум бескрајни простори, привлече милиони посетители. Подоцна, нејзините дела со точки и тиква станаа многу барани. Сепак, таа се разочара кога нејзините идеи беа копирани или ги инспирираа нејзините машки современици, вклучувајќи ги Енди Ворхол и Клаес Олденбург, чии дела беа изложувани во попрестижни галерии.

    Откако со години гледала како машките уметници добиваат признание за нејзината работа, Кусама се вратила во Јапонија потиштена и растроена. Потоа се пријавила во психијатриска установа, каде што живееше и работеше до крајот на својот живот. Бидејќи тамошните лекари биле заинтересирани за уметничка терапија, таквата безбедна средина ѝ овозможила на Кусама да се фокусира на создавање уметност.

    Во 1993 ја претставуваше Јапонија на Венециското биенале, 27 години откако се појави непоканета и постави 1.500 огледални топки на земја. Блескавиот успех на изложбата го трансформираше начинот на кој беше примена и во Јапонија и во странство. Една од нејзините слики достигна цена од околу 10,5 милиони долари на аукција во 2022, а нејзините дела се појавија во големи музеи и во соработки со луксузни брендови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира