ТРАМП ПРЕДЛОЖИ АМЕРИКАНСКАТА СОЈУЗНА ДРЖАВА НОВО МЕКСИКО ДА СЕ ВИКА НОВА АМЕРИКА

    ТРАМП ПРЕДЛОЖИ АМЕРИКАНСКАТА СОЈУЗНА ДРЖАВА НОВО МЕКСИКО ДА СЕ ВИКА НОВА АМЕРИКАТрамп смета дњка новото име би било попрестижно и поубаво (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп помина дел од празникот Ден на трудот во објавување мемиња на социјалните мрежи, поддржувајќи го преименувањето на американската сојузна држава Ново Мексико во Нова Америка. Тој објави неколку мапи на САД на кои површината на Ново Мексико е преименувана во Нова Америка.

    Трамп вчера изјави дека добил предлози за промена на името на државата и дека му се допаѓа идејата.

    Така е попрестижно и поубаво за луѓето од таа потенцијално неверојатна држава. Ми се допаѓа“, кажа Трамп.

    Ова следува откако Трамп потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во езеро Америка по неуспешните трговски преговори со Канада.

    Трамп во исто време објави нова карта на Северна Америка, во која се вклучени и Канада, Мексико и Гренланд, кои притоа се покриени со знамето на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира